Месут Озил имаше сезона 2018/19 за заборав, откако по фијаското на СП во Русија со Германија и откажувањето од националниот дрес имаше низа повреди и покажа слаба форма во Премиер лигата за Арсенал.
Но, барем на личен план, него работите му одат според планот – тој утре ќе се ожени за својата долгогодишна девојка Амине Ѓулсе и двајцата решија да направат убав гест за нивниот голем ден. Преку социјалните мрежи, Озил соопшти дека тие двајца ќе платат операција за 1.000 деца во Европа и светот и побара тие кои се во можност да придонесат и да донираат пари за уште 1.000 деца.
??❤ #M1Öhttps://t.co/hG72JpFhxF pic.twitter.com/1M7BooiBC8
— Mesut Özil (@MesutOzil1088) June 6, 2019
Озил и Ѓулсе ќе го направат ова преку германската добротворна организација „Големи чевли“, која ја поддржува од 2014 година и која работи со потребни операции на деца од сиромашни околини – изгореници, дефекти на стапалата, деформации на лицето.
Гест за почит, што и да мислите за неговите фудбалски квалитети и залагањето на теренот.
ИЗВОР: ТОПСПОРТ