Бред Пит и неговиот правен тим преземале нови чекори за Анџелина Џоли да ги потпише документите за развод откако го одолжила процесот. Документите за развод, инаку, се поднесени пред 3 години, но не се потпишани.
Холивудскиот актер ги замолил своите адвокати да побараат помош од судијата да го одреди конечниот датум, односно рокот за развод и парична казна доколку Анџелина не се придржува на датумот кој ќе го одреди судијата.
-Тој беше неверојатно трпелив за време на целиот процес на разводот. И покрај тоа што во повеќе наврати беше доведен до лудило. Болен е и уморен од Анџелина, бидејќи го одолговлекува нивниот развод од месец за месец. За Џоли сето ова стана речиси како игра, тврди извор близок на актерот.
Анџелина во неколку наврати се обидела да го одложи процесот за развод, обидувајќи се да го натера Бред да ѝ се врати, но неуспешно.