Пејачката Шаима Ахмед (25) од Египет е осудена на две години затвор поради спот кој според Судот во Египет е со недолична содржина. Таа во музичкиот спот се појавува во долен веш и заводливо позира со банана што за тие земји е незамисливо.
Таа е уапсена веднаш штом се појавил нејзиниот спот кој предизвикал бес во оваа земја и бурни реакции од многумина.
Во вторникот е прогласена за виновна поради поттикнување разврат и објавување непристоен филм, а иста казна е изречена и за режисерот на контроверзниот спот.
Пред да биде уапсена, 25-годишната пејачка им се извинила на граѓаните преку Фејсбук.
„Не можев ни да замислам дека ќе се случи ова и дека ќе бидам толку силно нападната“, напишала пејачката.