Македонскиот првак Шкендија ќе игра против естонскиот шампион Номе Калју во 1. квалификациско коло за Лигата на шампионите.
На денешната ждрепка во Нион, тимот од Тетово доби исклучително лесен противник, па и очекувано е тетовци да поминат во наредната рунда.
Првиот меч се игра на 9. јули во Естонија, додека пак реванш-дуелот е на 16. јули во Скопје.