среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Исчезна студент во Нови Сад: Отишол да плива и не се вратил

Исчезна студент во Нови Сад: Отишол да плива и не се вратил

Павле Грујиќ, 20- годишен студент од Шабац исчезнал вчера наутро околу 6 часот во Нови Сад.

Момчето со уште неколку негови пријатели отишле на капење на Дунав, а после некое време, наводно рекол дека ќе оди да го преплова и веќе не го виделе.

„Двајцата другари седеле на кејот кога во еден момент Грујиќ му рекол на другарот дека ќе оди да го преплива Дунав. По сведочење на неговиот другар кој го пријавил исчезнувањето, набрзо откако влегол во водата, пливал и оддеднаш потонал“ неофицијално соопштува полицијата.

Потрагата по момчето е во тек.Ангажирани се и нуркачи, но поради високиот водостој нивната работа е отежната.