четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Алвес ги повика соиграчите од репрезентацијата добро да се подготват за полуфиналето на Купот на Америка

Алвес ги повика соиграчите од репрезентацијата добро да се подготват за полуфиналето на Купот на Америка

Капитенот на бразилската фудбалска репрезентација Дани Алвес по четвртфиналниот меч на Купот на Америка со Парагвај (0:0, 4:3 на пенали) ги повика соиграчите добро да се подготват за следниот меч.

-Играчите на бразилската репрезентација сфатија дека денес е неопходно да се биде совршено подготвен тактички за Парагвај кој беше тежок ривал. Ние сме во одлична физика кондиција, нема да дозволиме опуштање. Било кој д ани се падне во полуфиналето ќе бара да бидеме добро подготвени. Треба да размислуваме во таа насока. Сега сме чекор поблиску до целта, а тоа е трофејот, истакна Алвес.

Бразил кој е домаќин на купот, во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Аргентина и Венецуела.