недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Македонија утре во жолта фаза, температурите до 40 степени: Еве каде ќе биде најтопло

Македонија утре во жолта фаза, температурите до 40 степени: Еве каде ќе биде најтопло

Времето утре ќе биде многу топло, со максимални температури кои во југоисточните делови ќе достигнат 40 степени, додека УВ индексот ќе изнесува 9.

Како што соопшти УХМР, целата територија на земјата ќе биде во т.н. жолта фаза.

Во Скопје утринската температура ќе биде 19, а максималната дневна 37 степени. Најтополо ќе биде во Демир Капија, 40 степени, а најсвежо во Маврово, 28 степени.

До петок во попладневните часови на места ќе има пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на невреме. Потоа повторно следува период на сончево и топло време.

Најнови вести