среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Змија влегла во амбулантата во Ѓорче Петров, пациентите бегале испаничени

Змија влегла во амбулантата во Ѓорче Петров, пациентите бегале испаничени

Во амбулантата во општина Ѓорче Петров влегла змија, а пациентите испаничени избегале надвор, објави А1он.

Изутринава, додека имало десетина пациенти кои чекале на ред за преглед, влегла змија во бараката при што настанала паника. Исплашени и со викање истрчале надвор.

Од ДСЗИ кои биле повикани во објектот информираат дека е направен вонреден инспекциски надзор уште во април 2018 година во истиот објект и дека со решение го задолжиле сопственикот ЈЗУ Здравствен дом Скопје за адаптација или реновирање на објектот , објави порталот.

Сепак, бараките не се адаптирани ниту реновирани, а ваквата состојба е речиси идентична во многу здравствени објекти низ државава.