Руските комедијанти кои во телефонски разговор го насамарија Зоран Заев, претставувајќи му се како Петро Порошенко и Јенс Столтенберг, му даваат „совет“, на македонскиот премиер.
Првиот разговор е објавен во август, непосредно пред референдумот во Македонија, а во разговорот, „Порошенко“ му посочува мисла од Сталин на Заев: Не е важно како гласаат граѓаните, важно е како се бројат гласовите.
Во продолжение транскрипт од преведниот разговор, како и дел од видеото:
Руски комедијант: Како што вели еден од нашите политичари: -Не е важно како гласаат граѓаните, важно е како се бројат гласовите.
Заев: Да, да, да, да…
Руски комедијант: Се надевам дека овој совет ќе ви помогне?!
Заев: Да ќе ми помогне, сигурно!