петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ТАЖНА СЛИКА НА АВТОПАТОТ- во тешка несреќа загинаа татко и ќерка, повреденото бебе пренесено во болница (ФОТО)

ТАЖНА СЛИКА НА АВТОПАТОТ- во тешка несреќа загинаа татко и ќерка, повреденото бебе пренесено во болница (ФОТО)

Татко и ќерка загинаа во страшна сообраќајна несреќа која утрово се случила на автопатот Ниш- Белград во 8:45 часот.

Како што пренесуваат српските медиуми на лице место загинале возачот и совозачот кој биле татко и ќерка, додека во „Шкодата фелиција“ имало уште две жени и едно бебе кои седеле на задните седишта.

Двете жени со повреди и скршеници се префрлени во болница во Белград, додека бебето кое исто така е пренесено во болница останала не повредено.

До несреќата дошло кога автомобилот се забил во камион кој бил застанат поради градежните работи на патот.

Сведоците раскажуваат за хоророт и расфрланите играчки и облеки на децата и луѓето кои биле во автомобилот.