На граничниот премин „Табановце“, вчера во 15.10 часот, при контрола на патничко возило „AUDI Q7“ со српска национална ознака, управувано од М.Б. (30) од Република Србија, било утврдено дека серискиот (VIN) број на возилото бил фалсификуван.
Возило било одземено, а М.Б. бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.