Бомбата е пронајдена на терасата од кафулето „Кафе ин“ ,гостите веднаш биле евакуирани а тој дел од чаршијата затворен од страна на полицијата, објавува Канал 5.
Во ова кафуле недела пред почетокот на Пивофест беше поставена бомба кашикара. Наспротив сите убедувања од органите и локалните власти и градоначалникот Илија Јованоски дека се превземени сите безбедносни мерки Пивофест да мине во најдобар ред, синокешното поставување на бомбата го покажа спротивното.
Во меѓувреме од МВР излегоа со официјално соопштение во кое се вели дека околу 23:10 ч во Прилеп во угостителски објект е пронајдена школска бомба која нема експлозивно полнење. Веднаш се преземени соодветни мерки и таа е подигната од лице место. Нема повредени лица ниту материјална штета. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.