понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Грчев се понуди да плати за дислокација на споменикот на Александар Македонски

„Ништо не кошта да се тргне Воинот на коњ од плоштад. Потребно е само камион со кран и четворица работници да го отштрафат, да го стават во камион и да го одвезат вон градот. Еве јас ќе го платам тоа, нека биде и моја донација за заздравување на македонското општство, за трасирање на патот од општество на кретени во демократско општество“.
Грчев се понуди да плати за дислокација на споменикот на Александар Македонски

Мирослав Грчев кој е член на Комисијата која го проверува проектот Скопје 2014, се понуди да плати за дислокација на споменикот на Александар Македонски од плоштадот во Скопје.

Според Грчев на споменикот „Воин на коњ“ не му преостанува ништо друго освен рушење, а „Скопје 2014“ мора да се третира како природна непогода, како општествено политичка катастрофа.

Тој вели:

„Ништо не кошта да се тргне Воинот на коњ од плоштад. Потребно е само камион со кран и четворица работници да го отштрафат, да го стават во камион и да го одвезат вон градот. Еве јас ќе го платам тоа, нека биде и моја донација за заздравување на македонското општство, за трасирање на патот од општество на кретени во демократско општество“.

Ова не е ни прва ни последна скандалозна изјава на Мирослав Грчев. Тој е познат по своите анти-македонски и анти-државни ставови, за него македонската држава, нација и култура се измислени во рамките на поранешна Југославија.

 

Најнови вести