петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Јасно е дека планот на лажгото Заев предвидува преку обвинувања за лажни вести да се покријат сите скандали, афери и криминали кои секој ден излегуваат“

„Јасно е дека планот на лажгото Заев предвидува преку обвинувања за лажни вести да се покријат сите скандали, афери и криминали кои секој ден излегуваат“

Зоран Заев, синонимот за лаги и дезинформации, се обидува да воведе цензура на медиумите кои не размислуваат како него. Денешната прес конференција е само уште една потврда дека слободата на говор во Македонија е загрозена, а медиумите се соочуваат со уцени, закани и цензура од власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ако сака да знае што се навистина “лажни вести“, еве ќе го потсетиме: Лажна вест и дезинформација е дека Зоран Заев не знае кои се Кики и Фрики. Лажна вест  и дезинформација е дека Курто Дудуш не малтретирал и не навредувал сограѓанин. Лажна вест и дезинформација е дека генералниот секретар на Заев не учествувал во незаконски разговори за тендер тежок 7 милиони евра. Лажна вест и дезинформација е изјавата на Заев дека Македонија лани во јуни доби датум за почеток на преговори. Лажна вест  и дезинформација е дека Заев додека дише нема да го смени уставното име и дека ќе го штити идентитетот и жицата македонска. Лажна вест и дезинформација е дека Заев ќе обезбедел економски раст од 5-7% на годишно ниво. Лажна вест и дезинформација е дека Заев ќе го намалел бројот на министерства во владата, стои во реакцијата и се додава:

„Јасно е дека планот на лажгото Зоран Заев предвидува преку обвинувања за лажни вести да се покријат сите скандали, афери и криминали кои секој ден излегуваат. Зоран Заев со лаги и дезинформации дојде на власт. Секоја негова лага и дезинформација сега се открива. Затоа е Заев во паника и се обидува да ги заплаши и цензурира медиумите. Колку оваа однародена власт го зголемува притисокот врз својот народ и медиумите, толку повеќе и погласно ќе излегуваат на виделина сите нејзини криминали и коруптивни скандали“.

Гласноста на народот и јавноста, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ, ќе ги победи молкот и цензурата на власта.

-Лагите и дезинформациите ќе бидат совладани, кога најголемиот лажго Зоран Заев ќе стане минато и ќе си замине од власт.

Најнови вести