понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Героски му одговори на Заев дека си го нашол своето капаче во Саше Политико

Героски му одговори на Заев дека си го нашол своето капаче во Саше Политико

Премиерот Заев денеска изјави дека одбива да го прими на средба новинарот Бранко Героски, кој во серија колумни пишуваше за рекетот врз македонски бизнисмени, кој се претпоставува дека го вршат високи функционери на СДСМ заедно со веќе уапсениот Бојан Јованоски, со тоа што ја искористувале нивната блискост со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Героски преку колумна насловена како „Секое грне си наоѓа капаче – денеска го видовме „капачето” на Заев!“ му реплицираше на премиерот.

Не ми пречи неспремноста на Заев со мене да оствари средба и разговор за една значајна тема, која нема врска со истражните органи. Тоа си е негова легитимна одлука. Моето барање беше искрено и културно адресирано. На крајот на краиштата, секој избира со кого сака да разговара. Секој избира со кого му врви муабетот. Секое грне на крајот си го наоѓа своето капаче. „Капачето” на Заев го видовме и го слушнавме денеска. Ме изеде туѓиот срам…, пишува Героски.

Целата колумна можете да ја прочитате на Плусинфо.

Најнови вести