Косовскиот премиер во оставка, Рамуш Харадинај, изјави дека денеска побарал од Уставниот суд толкување на неговата оставка, која ја поднесе на 19 јули, како и за идното функционирање на Владата до одржување на предвремените парламентарни избори.
Тој на својот Фејсбук профил напиша дека целта на неговото барање до Судот е да добие објаснување за правната ситуација, создадена во нови околности.