среда, 17. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Земјотрес стресе грчки остров

Земјотрес стресе грчки остров

Земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала беше регистриран на грчкиот остров Карпатос во југоисточниот дел на Егејското море, jави дописничката на МИА од Атина.

Според Геодинамичкиот институт на националната опсерваторија во Атина, земјотресот бил со интензитет од 4,8 степени со епицентар во морскиот дел, 71 километар југоисточно од островот.

Во планирана и претходно најавена посета на Карпатос од рано утрово е грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој на неговиот официјален Твитер профил напиша дека го почувствувал земјотресот и бил информиран дека нема штети и повредени.