Автомобил од засега непознати причини се запали и се уште гори после Гевгелија на автопатот за Грција, јавува ТВ21.
Според информациите од терен, нема повредени лица бидејќи веднаш го напуштиле автомобилот откако избувнал пламен.
Сообраќајот најпрво беше во прекин, а сега се одвива отежнато во овој правец, односно има колона, а на лице место увид изврши полиција.