петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Кутињо доаѓа на заем во Арсенал

Кутињо доаѓа на заем во Арсенал

Угледниот француски спортски весник „Л’Екип“ објави денеска дека бразилската ѕвезда на Барселона, Фелипе Кутињо ќе потпише за лондонски Арсенал, откако „топчиите“ и Каталонците веќе го договориле едногодишниот заем.

Кутињо е најскапото засилување на Барселона во историјата, откако пред година ипол дојде за 160 милиони евра од Ливерпул, но не успеа да ги оправда вложувањата и играше далеку под просекот во однос на неговите настапи за англискиот великан, кој по неговото заминување успеа да стигне до две финалиња по ред во Лигата на шампионите, а во јуни годинава и да ја освои шестата европска круна.

Според информациите на францускиот весник, Кутињо ќе дојде на заем, но не е познато дали Арсенал ќе добие право на откуп идното лето или Бразилецот ќе се врати на „Камп Ноу“, ниту колку ќе платат лондончани за овој заем. Пред неколку дена се шпекулираше дека Барселона веќе му нашла дестинација на Кутињо за заем до 25 милиони евра.