недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Советничката на Харадинај се прости од мајка си која беше убиена со 15 куршуми (ФОТО)

Советничката на Харадинај се прости од мајка си која беше убиена со 15 куршуми (ФОТО)

По караница, синоќа околу 23 часот во Призрен, постар маж си ја убил сопругата. Жртвата е мајката на советничката на досегашниот премиер Рамуш Харадинај.

Првичната истрага покажала дека мажот, кој инаку е очув на советничката, ја убил жената во семејната куќа во Призрен со 15 куршуми. Причина за убиството најверојатно е љубомора.

Ќерката Диелза Хоти со потресен статус се простила од нејзината мајка.

-Почивај во мир, мама, ангелу мој, напишала Диелза крај фотографијата на која е со нејзината мајка.