По вчерашното трето и последно видео кое го објави италијанскиот весник „Ла Верита“ за случајот Рекет јавноста преку аудио снимки дозна дека во случајот бил вмешан и самиот премиер Зоран Заев, освен Катица Јанева која била учесник во сето тоа.
Со вчерашното видео се потврди само силата на Боки 13 да рекетира бизнисмени во Македонија и истата извирала од премиерот Заев со кого Боки често се гледал.
ВЈ: Утре се гледам со него
ЈК: Со Дејан?
БЈ: Не
ЈК: Со Жаре?
БЈ: Со Зоки
ЈК: Со Зоки?
БЈ: Со Заев
ЈК: Мислам дека он нема да праи проблеми, но ти ќе си збориш и ќе ми кажеш
БЈ: Знам што збори он, знам што сум зборел со него за тебе, работи кои никој не ги знае
ЈК: Ок шефе
БЈ: Ќе ме испратиш до врата?
ЈК: Апсолутно
Ова е повеќе од јасно дека Боки 13 се сретнувал со премиерот, но дали тој бил вмешан во случајот Рекет останува истражните органи да го расчистат и истражат случајот Рекет што поскоро.