недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Героски: Срамно и тажно е од устата на Заев да дојде една заканувачка изјава која поттикнува вербална агресија врз мене и моето семејство

Героски: Срамно и тажно е од устата на Заев да дојде една заканувачка изјава која поттикнува вербална агресија врз мене и моето семејство

Да бидам искрен вознемирен и шокиран сум на некој начин од изјавата на премиерот Заев, ова вечерва во вестите на телевизија Алфа го истакна новинарот Бранко Героски.

-Не очекував од човек кој декларативно се бори за демократија, различности, изразување да дојде до ваква срамна, трагична и дискриминирачка изјава, просто во налетот на првите емоции прво мислев дека добро не ја сфатив изјавата, нема никакви дилеми изјавата поттикнува на агресија, секој може да види на мојот Фејсбук профил и каква лавина од агресија таму се истура, тоа дефинитивно ме вознемирува мене и моето семејство, дали со мојата секојдневна работа како новинар го предизвикала Заев да даде ваква стравична изјава се уште не знам, вели Героски.

Тој додава дека е срамно и тажно од устата на премиерот Заев да дојде една ваква изјава и ќе поттикне вербална агресија за да биде тој обвинет дека работи на рушење на владата на сметка на ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа просто е лудачка изјава, вели Героски и додава дека пријавувал во полиција, но ништо од тоа не се случуваше. Сериозно ги сфаќам сите напади врз мене, срамота е што Заев поттикна ваква лавина, вели тој.

Најнови вести