недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Героски: Ако се докаже делото, Јанева ќе добие најмалку три години затвор

Героски: Ако се докаже делото, Јанева ќе добие најмалку три години затвор

Катица Јанева е осомничена за прибавување имотна корист во значителен обем од 1,5 милиони евра, мебелот е споредна работа, објавува новинарот Бранко Героски.

Тој истакнува дека ако се докаже делото, ќе се изрече затворска казна за Јанева од најмалку 3 години.

-Дечки, ај да појасниме на време. Катица е осомничена за кривично дело Злоупотреба на службена положба по член 353 став 3 вв став 1 од КЗ на РМ.
Станува збор за прибавување “имотна корист во значителен износ” од 1,5 милиони евра. За ова дело запретена е затворска казна од најмалку 3 години.
Од прибавената имотна корист за себе зела мебел што и го набавил еден од осомничените, објавува Героски.

Најнови вести