Учениците кои ја следат наставата на македонски јазик од тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ и оваа година го имаат истиот проблем.
Наставата повторно ќе биде изведувана во објектот на старото медицинско училиште во несоодветни услови.
Пред само некоја година СДСМ имаше ветување дека овој проблем ќе биде решен, односно дека ќе се реши проблемот со недосаток на простор и нормални услови за изведување на наставата.
Теута Арифи, градоначалник на Тетово во својата предизборна кампања во 2017 заедно со Зоран Заев ветуваа дека документацијата е готова и до крајот на 2018 година овој проблем ќе биде решен.
Имено и претседателот на СДСМ, Бобан Видоески во 2018 тврдеше дека има одобрение за градба, и овој проект ќе биде реализиран во септември 2018. Заев, Арифи, Видоески до денес не ги исполнија своите ветувања.
Но, да се потсетиме дека СДСМ не го прифати предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски парите од референдумот да се пренаменат за реновирање на оваа гимназија во Тетово.