сабота, 30. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Земјотреси ја тресат Грција

Земјотреси ја тресат Грција

Два земјотреса, на различни локации, беа регистрирани утрово во Грција, едниот во морскиот дел во близина на островот Карпатос со интензитет од 4,3 степени, другиот, два часа подоцна, во близина на грчкиот главен град со интензитет од 3,8 степени според Рихтеровата скала, jави дописничката на МИА од Атина.

Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, во 07,31 часот по локално време, бил регистириран земјотрес во близина на Карпатос, а епицентарот се наоѓал во морскиот дел, 47 километри источно- североисточно од островот.

Вториот земјотрес, беше регистриран во 09,24 часот по локално време, а според првичните информации, бил со јачина од 3,8 степени со епицентар северозападно од Атина.

МИА