среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Дали се подготвува ослободување на терористите од Диво Насеље кои убија 8 припадници на безбедносните сили?

Дали се подготвува ослободување на терористите од Диво Насеље кои убија 8 припадници на безбедносните сили?

Подготвува ли државата терен за да ги пушти на слобода терористите од Диво Насеље?

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кој е пријател на Зоран Заев, со своите изјави наговестува дека очекува ослободување на овие лица. Освен што службено остварува средби со него, Харадинај со Заев се и семејни пријатели кои си одат еден кај друг на гости.

Токму оваа релација беше спомената и од новинарот кој го интервјуираше Харадинај, говорејќи за очекувањата од пресудата и што на оваа тема има зборувано со македонскиот премиер.

-Јас верувам дека тие, во конкретниот случај кога ќе имаат конечна пресуда, според процедурите кои постојат меѓу двете држави, можат да дојдат и да ја одлежат казната ако не им се тргне вината. Ако се ослободат, тие може да дојдат слободни. Но, доколку има правосилна пресуда, Косово може да ги побара, зошто постои правото во таквите односи со Македонија. На пример, ние не побаравме да ги екстрадираат во Америка, тие може да ги екстрадираат од Македонија во Косово да ја издржуваат казната. Ние даваме гаранции. Ова ќе биде добро за семејствата. Некои од нив не се во добра здравствена состојба. Некои страдаат од траумите низ кои поминаа нивните деца. Лошо е за тие што загинаа, тие веќе не се враќаат кај нивните деца, но за живите ќе се најде решение. Ние велиме за живиот има чаре. Воопшто не се двоумам за нив. Мислам дека Косово не смее да ги остави своите државјани и нивните семејства, истакна Харадинај.

Семејствата зацрнети, жртвите болат, некој преговара за ослободување на терористите

Деветти и десетти мај 2015-та година е најцрниот датум во понова историја на Македонија. Осум припадници на македонските безбедносни сили беа крвнички убиени додека се бореа за разбивање на вооружена терористичка група.

Акцијата траеше непрекинато, 28 часа. Македонските херои се бореа непоколебливо. За жал, осум од нив никогаш не се вратија кај своите семејства. Останаа зацрнети родители, деца, сопруги.

Убиени беа следниве припадници на специјалните единици на македонската полиција:

  • Жарко Кузмановски (р. 1981), од с. Брвеница, Тетовско
  • Ненад Серафимовски (р. 1987), од с. Зубовце, Гостиварско
  • Сашо Самојловски (р. 1982), од с. Брвеница, Тетовско
  • Бобан Ивановиќ (р. 1968), од с. Стајковци, Скопско
  • Горан Илијевски (р. 1974), од Гостивар
  • Исамедин Османи (р. 1983), од с. Студеничани, Скопје
  • Љубиша Аранѓеловиќ (р. 1966), од Скопје
  • Горан Стојменовиќ (р. 1970), од Миладиновци, Скопје

Терористичката група со бенефиции во затвор

Како водачи на групата се посочуваат Мухамед Красниќи – командант Малишева, Мирсад Ндрецај (командант Нато), Сами Укшини – командант Соколи и други. Истата група беше посочена и дека претходно го извршила нападот на караулата Гошинце. Полицијата застана на патот на нивниот план за напади на државни и на цивилни цели.

Од 37 обвинети за тероризам и терористичка организација, 33 луѓе беа осудени за делата а за четири лица е донесена ослободителна пресуда. За седуммина беше изречена казна од доживотен затвор.

Тие се осудени и се наоѓаат во затвор. Но, не со услови како други затвореници. Слушаат музика, пушат цигари, пијат кафе. Имаат мобилни телефони и интернет.

Затворениците од Кумановската група на Фејсбсук и преку видеото во живо вчера ги повикаа сите Албанци да им помогнат и на жиро-сметка да донираат пари, кои ќе бидат наменети за нивните семејства.

„Отворивме банкарска сметка која ќе служи за да им помогнеме на семејствата на паднатите борци кои загинаа во мај 2015 година во Диво Насеље во Куманово. За потребите на нашите борци кои веќе 5 години се наоѓаат во словенските затвори. Многу од сонародниците кои не поддржуваат и сакаат да нè поддржат, шпекулираа дека сметката е потврда-вели еден затвореник“-порачаа тие.

Oдбраната на “Кумановската Група“ го поздравува барањето на Харадинај

Адвокатите на членовите на Кумановската Групата кои ги издржуваат своите затворски казни во Македонија, во очекување на второстепената одлука, бараат Косово да покрене иницијатива за нивна екстрадиција.

Коментирајќи го ставот на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај за осудените лица да бидат екстрадирани откако ќе заврши судската постапка, адвокатот Насер Рауфи рече дека косовската држава не треба да чека премногу долго за да побара екстрадиција, бидејќи постапката за жалби може да трае со години. Како решение, Рауфи нуди две опции: – Без оглед дали се враќа случајот, или оди на расправа во Врховниот суд, секако временскиот интервал ќе биде помеѓу 4 и 6 години.

Односно, попрактично е да се избере една од овие две опции, да се продолжи со судење во Република Косово за половина од обвинетите со косовско државјанство, или како втора опција што реков, притворот да го издржуваат во Косово, за тоа да има договор, затоа што знаеме дека тоа е политички случај и договорот мора да биде политички, рече Насер Рауфи, адвокат на некои затвореници од случајот Куманово. Освен екстрадирадиција, адвокатката Артене Исени, исто така, бара преквалификација на кривичното дело и намалување на казните.

-Понатамошниот притвор во македонските затвори на момците од Косово не исполнува никаква цел предвидена со македонските закони, првата казната и втората ресоцијализацијата. Овие момци се казнети според законот и секако македонските затвори немаат што да понудат за нивната социјализација, туку напротив им штети на нивното здравје. Екстрадицијата во Косово ќе биде најдобро решение заедно со преквалификација на кривични дела и намалување на казните, рече Артене Исени, адвокат на некои затвореници од случајот Куманово.

Најнови вести