понеделник, 8. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Таткото кој ги оставил децата во автомобил заминал на забава: Бил разведен, а децата требало да ги чува само еден ден!

Таткото кој ги оставил децата во автомобил заминал на забава: Бил разведен, а децата требало да ги чува само еден ден!

Трагедија била спречена кога биле пронајдени две заборавени и дехидрирани дечиња, брат и сестра на возраст од 7 и 4 години, заклучени во возило на булеварот „Видео Смилевски-Бато“ во Ново Лисиче.

Таткото ги заклучил децата во автомобилот додека спиеле, па отишол на забава во Ново Лисиче. Децата по кратко време се разбудиле во возилото во кое биле оставени сосема сами и заклучени и плачеле додека не дехидрирале. За среќа, ги забележале други дечиња од населбата кои ги повикале своите родители на помош, објави Пресс24.

Очевидци велат дека веднаш била повикана Брза помош која ги однела децата во болница. Полицијата го привела таткото од забавата на која бил, додека мајката кога дошла во полиција силно викала.

Парот бил разведен, а децата биле кај таткото на еден ден.

Најнови вести