сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Нови пронајдоци во Охридско езеро: Подводниот „апартман“ доби правосмукалка и перална (ФОТО)

Нови пронајдоци во Охридско езеро: Подводниот „апартман“ доби правосмукалка и перална (ФОТО)

По бојлерот, кадата и вреќата со плочки, нуркачот Никола Паскали сега во Охридско езеро најде и правосмукалка и перална.

„Делови од правосмукалка и перална (смукувач и бубањ) лоцирани кај крајбрежјето во близина на Мостот на желбите, длабочина од 3 метри“, напиша нуркачот од друштвото „Акватек“.

Тој најавува дека ќе продолжи со лоцирање и фотографирање на секаков вид отпад по што ќе следи и негова дислокација.

„Да го заштитиме Охридското Езеро од својот најголем непријател – човекот“, повика друштвото „Акватек“.