сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Тажен крај на најубавата љубовна приказна: Умре Клепетан, претходно дојде да се поздрави со Малена

Тажен крај на најубавата љубовна приказна: Умре Клепетан, претходно дојде да се поздрави со Малена

Приказната за штрковите од Хрватска, Малена и Клепетан ги воодушевуваше луѓето ширум светот.

Клепетан во Бродски Варош се вратил на 18 март, што било порано од вообичаено, но не за да остане во својата Малена преку летото, туку да се поздрави со неа.

Пензионираниот домар, Стјепан Вокиќ кој веќе 30 години се грижи за Малена, објаснува дека неговиот Клепо дошол во гнездото стар и болен.

-Четири штркови дојдоа кај мајката на даската и три-четири часа тажно штракаа со клуновите. Тогаш знаев дека Клепо замина да умре. Знаете како велат, птиците умираат пеејќи. Малена порасна 66 млади, тоа е многу за една мајка. Многу сум поврзан за неа. Не одам ни на море, ниту со пријателите, секогаш се грижам за неа. Се обидувам да најдам риба за да ја прехранам, но многу е тешко, вели Вокиќ.

Стјепан ја поминал цела околина во потрага во Клепетан откако тој се поздравил во Малена, но не успеал да го најде. Тогаш му било јасно дека тој угинал.

– Клепетан го дочекувам 17 години. Лани со Малена имаа 7 јајца, а оваа година нешто лошо се случи или во прашање е старост на птицата. Имаа само три јајца. Во сите овие 17 години од нивната љубов се испилија 66 штркови. Тоа е раритет во светски размери, кога се во прашање штркови, вели Вокиќ.