среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Поглаварот на СПЦ, Иринеј итно хоспитализиран

Поглаварот на СПЦ, Иринеј итно хоспитализиран

Српскиот патријарх Иринеј е итно примен на ВМА, јавува „Блиц“. Здравствената состојба на поглаварот на СПЦ сега е стабила и тој успешно заздравувал.

Според пишувањата на „Блиц“, Иринеј бил хоспитализиран пред два дена бидејќи се чувствувал лошо.

-Има висока температура и општа слабост на организмот. Сега состојбата му е стабилна, се надевам дека брзо ќе се опорави. Неговата светост, ќе биде задржан во болница уште неколку дена за целосно да се опорави, вели извор за „Блиц“.