петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Изгорени 6 автомобили во Скопје за само еден ден

Изгорени 6 автомобили во Скопје за само еден ден
илустрација

Во СВР Скопје вчера било пријавено дека на улицата „Ѓорги Димитров“ настанал пожар во патничко возило „бмв“, сопственост на Б.Н.(22) од Скопје, а од огнот биле зафатени „мерцедес“, сопственост на Х.М.(26) и „цитроен“, сопственост на Ф.Д.(28). Извршен е увид.

Исто така во текот на вчерашниот ден околу 03.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Беласица“ настанал пожар во возило „крајслер“, сопственост на А.С., а од огнот биле делумно зафатени и возило „мазда“, сопственост на М.Р. и возило „ауди“.

И таму е извршен увид.