сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Кочанци плаќаат скапи сметки за вода- Платните налози се со дебели трошоци за адвокати, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Кочанци плаќаат скапи сметки за вода- Платните налози се со дебели трошоци за адвокати, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Комуналното претпријатие од Кочани ги оптоварува граѓаните со адвокатски трошоци неколупати повисоки од нотарските, обвинија денес на прес од локалниот огранок на ВМРО-ДПМНЕ.

„Се повеќе наши сограѓани се жалат дека КЈП “Водовод“ им доставува: -РЕШЕНИЈА ЗА НОТАРСКИ ПЛАТЕН НАЛОГ за заостанат долг и тоа со АДВОКАТСКИ ПЕЧАТ во кои РЕШЕНИЈА има пресметано адвокатски трошоци кои се неколку пати повисоки од нотарските трошоци! Дали КЈП Водовод намерно дозволува да се трупаат долгови и за истите подоцна се испраќаат Решенија со адвокатски трошоци со што прекумерно се оштетуваат нашите сограѓани! НА овој начин, а како што гледаме и во ова РЕШЕНИЕ- наместо трошоците за долгот да се 1066,00 ден тие изнесуваат четирикратно повеќе или поточно 4040,00 ден. Вака КЈП “Водовод“ прибира пари од најранливата категорија граѓани-оние кои секој месец имаат мака да си ги платат режиските трошоци!Вршете ја вашата работа ама бараме, барем малку да имате чувство и повикуваме во овие тешки времиња да ги поштедите ги нашите сограѓани од овој дополнителен трошок“ изјави Гоце Марков, портпарол на ВМРО ДПМНЕ – Кочани.

Од ТВ Стар, побарале објаснување и од директорот на ЈП Водовод Кочани, но до затворањето на овој прилог, одговор иако им бил ветен, не добиле.