Данило Фелисано де Мораес, најстариот син на бразилската легенда Кафу почина вчера на 30 годишна возраст.
Несреќниот Данило играл фудбал со друштвото во близина на неговиот дом во Сао Паоло кога се срушил на теренот. Итно бил пренесен во болница, меѓутоа спас за 30 годишниот Данило немало и тој починал од срцев удар.
Оваа трагична вест за жал е потврдена од страна на долгогодишниот пријател на Кафу и поранешен фудбалер Паоло Серхио.
Извор: Спортски