сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку 20 жртви во ураганот Доријан на Бахамите

Најмалку 20 жртви во ураганот Доријан на Бахамите

Најмалку 20 лица загинаа во ударот на ураганот Доријан на Бахамите, додека локалните власти стравуваат дека таа бројка ќе расте.

Најновите податоци за жртвите ги објави министерот за здравство Двејн Сандс. Тој прецизира дека 17 лица загинале на островите Абако, а  три на Гранд Бахами.

Доријан изминатиот викенд го опустоши брегот на Бахамите со рекордна брзина на ветарот од околу 300 километри на час.