сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Клеј Томпсон сака да игра за Бахамите

Клеј Томпсон сака да игра за Бахамите

Клеј Томпсон, четирикратниот шамион на НБА-лигата со Голден стејт и олимписки и светски шампион со тимот на САД, изразил желба да игра за Бахамите.

На квалификацискиот турнир кој се играше неодамна, за оваа репрезентација настапија Ерик Гордон и Деандре Ајтон од Феникс, како и Бади Хилд од Индијана, кои не се анонимуси во НБА, но Томпсон би бил апсолутно најзвучниот кошаркар, кој би заиграл за оваа земја.

Тоа не би било како натурализиран, туку врз основа на корените кои ги влече оттаму, по неговиот татко Микал Томпсон, роден во Насау, Бахами.

„Сериозно размислувам да настапам за Бахамите, поради тоа што таа држава претставува за мојот татко и за целото семејство Томпсон. Тој никогаш не можеше да настапува за нивната репрезентација, во 70-тите и 80-тите години од минатиот век немало услови за такво нешто. Исто така, мојот брат Мајкл работи во стручниот штаб на таа репрезентација. Моментно сум концентриран на Голден стејт, но ќе видиме што ќе биде следното лето“, изјави Клеј Томпсон.