среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Мислел дека ќе му биде кум на пријателот, но кога ја видел невестата доживеал огромен шок (ВИДЕО)

Мислел дека ќе му биде кум на пријателот, но кога ја видел невестата доживеал огромен шок (ВИДЕО)

Кога Пол Скорпони дошол на свадбата на неговиот пријател, каде требало да биде кум, не помислувал дека го очекува најголемото изненадување во животот.

Подоцна се покажало дека тоа не е свадба на неговиот пријател, туку неговата. Тоа го сфатил дури кога ја видел својата девојка Алиша Пилава во невестински фустан.

Алиша сето тоа го организирала во тајност и пред шокираниот Пол дошла со песната „It Should’ve Been Me”. Тој само во шок ја гледал, а потоа клекнал на колено и ја побарал за жена.

Алиша подоцна објасни дека Пол последните две години ја барал за жена триесетина пати, но таа била несериозна.

-Мојот пријател Кевин, кој беше мој кум и свештеникот, беа таму и јас дури и не помислував дека тоа не е свадбата на Кевин. Кога таа дојде и ја пееше нашата песна, мислев дека е некоја шега. Дури и сега, откако го видов видеото, а го погледнав сто пати, не можам да верувам. Многу сум импресиониран што таа успеа да го организира сето ова без да дознаам, изјави воодушевениот младоженец.