среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Истражувала за монструозно убиство на две деца, а кога дознала кој е убиецот не можела да се смири (ФОТО)

Истражувала за монструозно убиство на две деца, а кога дознала кој е убиецот не можела да се смири (ФОТО)

Холи Велс и Џесика Чапман исчезнале пред 15 години. Во својата куќа ги намамил Ијан Хантли, кој работел како домар во локалното училиште.  Тие само сакале да си отидат дома, но никогаш не успеале.

Хантли ги намамил така што им рекол дека со него живее девојка која била учителка. Ги примил двете девојчиња во неговиот дом, а потоа ги убил. Тој за ова дело е осуден на 40 години затвор.

Додека тој се наоѓал зад решетки, едно сосема друго девојче кое немало никаква врска со ова, безгрижно живее.

Саманта Брајан имала 14 години кога почнала да истражува за убиствата на Ијан Хантли. Кога го напишала неговото име на интернет, таа пронашла фотографија од која останала шокирана.

Се препознала себе. На фотографијата биле Саманта и нејзината мајка Кејти. Љубопитната и шокирана Саманта почнала да ги бара одговорите од својата мајка.

Тогаш мајката признала се, дека Хантили е нејзин татко и дека се разделила со него додека била бремена затоа што тој ја малтретирал.

-Тоа беше шок за мене. Илјадници прашања ми поминуваа низ глава. Не сакав да ме поврзуваат со убиец. Дали и  јас ќе бидам монструм како него?, прашува Саманта.

И требало долго време, но успеала да сфати дека таа нема ништо со својот татко убиец.