Премиерот Зоран Заев знаел дека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е вмешана во рекетирањето на бизнисменот Орце Камчев, но сепак јавно ја поддржуваше и ја фалеше како личност со високи човечки вредности?
Премиерот Зоран Заев стои зад Катица Јанева и покрај шпекулациите за нејзината вмешаност во случајот „Рекет“ почитувајќи ја презумпцијата на невиност- вакви наслови се појавија два дена по апсењето на Боки 13 и Зоран Милески Кичеец. Во истиот ден на нивното апсење Јанева поднесе условена оставка од позицијата Специјален јавен обвинител, што ги разбуди шпекулациите на јавноста дека таа е вмешана во случајот, нешто што подоцна се испостави и како точно.
Во моментот на апсењето на Јанева, државниот обвинител Љубомир Јовески и шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал Вилма Рускоска исто така „ја штитеа“ Јанева на прес-конференцијата по повод апсењето на Боки 13 и Милески, одбегнувајќи дури и да споменуваат иницијали на уапсените.
Дали Заев мислел дека Јанева ќе биде спасена па калкулирал, бидејќи тој претходно изјавуваше дека не помислува да ја смени, е едно од прашањата кои кружат во јавноста.
Заев во април 2019 година дознава за вмешаноста на Јанева во Рекет, но сепак и 3 месеци потоа тој ја смета Јанева за човек „кој се борел за правда и покажала храброст во време кога сите шепотеле“ и стои зад неа.
Премиерот го повика Јавното обвинителство да одговори на повеќе прашања кои се наметнуваат по откривањето на скандалот:
– Да каже дали Јанева била злоупотребена или употребена.