среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Другарката на Боки 13 раскажува: Ме извади низ прозорец и ме давеше

Другарката на Боки 13 раскажува: Ме извади низ прозорец и ме давеше

Новинарката Анета Кочишки, автор и водител на емисијата „Лица “ на сега веќе згаснатата 1 ТВ, раскажа тажна животна приказна. Таа од минатата година ја поддржува кампањата против насилство врз жените и девојчињата, објавува Магазин.мк.

„Го запознав службено. И двајцата бевме успешни во своите кариери и уживавме углед. Поради работата често патував и бев во контакт со влијателни и моќни луѓе. Тоа му пречеше, почна да станува посесивен. Се повеќе, секој ден. Љумобора, понижувања и навреди ја гушеа нашата врска.

Се убедував дека е минливо, секој има кризи. Мислев, премногу ме сака, затоа ме чува само за себе. Дури и најблиските ми велеа: Не претерувај, знаеш какви се мажите понекогаш. Се давев во сопствената илузија дека ќе се промени. Но, една вечер, тој вистински се обиде да ме удави. Ме извади низ прозор и почна да ме дави. Денес е во затвор, кај што му е местото“, е дел од приказната која ја раскажа Кочишки.

„Ја слушнавте вистинската животна приказна на Елеонора. Но, во темницата остануваат уште илјадници неслушнати приказни на жени и девојки кои претрпеле родово базирано насилство. Нивниот глас, и нивната приказна, треба да се чуе. Затоа, слушни ја и приклучи се во кампањата против насилство врз жените и девојчињата.“, раскажа Анета.