Невеста како од бајките: Се омажи Хазан од „Ќерките на Фазилет“, а за ваква свадба сонуваат многумина девојки (ФОТО+ВИДЕО)
watch_later
09. септември 2019. @
22:43 timelapse 11 мин.
Турската актерка Дениз Бајсал (28), позната по улогата на Хазан во серијата „Ќерките на Фазилет“, пред неколку дена го кажа судбоносното „да“ на партнерот Бариш Јуртко (36).
Убавата актерка се омажи за својот свршеник, турски музичар од групата „Колпа“, по двегодишна врска. Актерката и музичар кажаа „да“ на модерното турско одморалиште во Чешме, на Егејот, со романтично зајдисонце.
Парот се запозна пред две години на снимање на музичкото видео за групата на младоженецот, во кое Бариш беше роб на сега неговата сопруга. Како што откри Дениз, тоа било љубов на прв поглед и фатална привлечност.
Таа исто така признала дека тој бил првиот човек што и го донесе во животот мирот и безбедноста што и биле потребни, бидејќи кога била мала нејзините родители се развеле, што тешко можела да се носи со тоа.