петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Со Заев на власт ефективна правна разрешница не е можна, затоа што тој е заштитник на криминалот и промотор на рекетот

ВМРО-ДПМНЕ: Со Заев на власт ефективна правна разрешница не е можна, затоа што тој е заштитник на криминалот и промотор на рекетот

СДСМ застана во одбрана на криминалот на Катица Јанева. Пратениците под контрола на Зоран Заев одбија да дискутираат за нејзино разрешување иако таа скоро цел месец е во притвор, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа е јасен доказ дека Јанева е под команда на Зоран Заев. Станува се поочигледна нивната поврзаност во изнудата на пари и политичките притисоци преку злоупотреба на законот и овластувањата на СЈО. Јасно е како бел ден дека Катица Јанева беше и остана неговата црвена линија. Заев и СДСМ се во коалиција со криминалот. Заев и СДСМ го штитат и промовираат криминалот. Заев и СДСМ сакаат да обезбедат амнестија на криминалот. Заев се плаши затоа што знае дека тој е лицето кое се крие зад целиот криминален систем. Самиот факт што на Катица Јанева и беше оставено простор да делува на слобода додека Боки 13 и Зоки Кичеец беа во притвор говори многу за намерите на власта. Катица Јанева е бела мечка за Зоран Заев и таа не можела да прави рекет во период од цела година без знаење на врвот на власта. Премногу е очигледно од каде стигнувале командите кон Јанева, порачуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат: „Зошто се молчело и институциите не реагирале може да покаже само независна и професионална истрага“?

-Со Зоран Заев на власт ефективна правна разрешница не е можна, затоа што тој е заштитник на криминалот и промотор на рекетот. Потребна е истрага, а не пародија во која што притворената ќе му издава наредби на тој што ја притворил. Потребно е независно обвинителство растоварено од притисоци и влијанија. Дополнително потребни се предвремени парламентарни избори за пад на оваа ненародна власт, порачуваат од партијата.

Најнови вести