сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Детали за инцидентот во Градска болница: Познат идентитетот на лицето кое нападна обезбедување и полицајци

Детали за инцидентот во Градска болница: Познат идентитетот на лицето кое нападна обезбедување и полицајци

На 12.09.2019 во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје полициски службеници го лишиле од слобода С.М.(31) од Скопје поради тоа што во 02:45 часот во болницата физички нападнал вработен како обезбедување во болницата и двајца полициски службеници кои извршувале службени дејствија и интервенирале по пријава за физичкиот напад врз вработениот.

С.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Исто така, ќе биде поднесена пријава по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир за уште две лица кои биле со С.М.