недела, 4. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Вчера излезе од затвор, а денеска потпиша за руски Зенит

Вчера излезе од затвор, а денеска потпиша за руски Зенит

Фудбалерот Александар Кокорин вчера излезе од затвор, а веќе денеска 28- годишникот потпиша договор за Зенит од Сант Петерсбург за до крајот на сезоната.

Кокорин и неговиот колега од репрезентацијата на Русија, Павел Мамајев беа уапсени во мај годинава поради напад врз раководител во руското Министерство за трговија , како и неговиот возач , кои ги претепале во октомври минатата година.

Мамајев беше осуден ан 17 месеци затвор, а Кокорин на 18, но по успешната жалба, биле помилувани завчера. Во времето на инцидентот, Кокорин играл за Зенит, а Мамајев за Краснодар.

Нивниот адвокат Јури Падалко претходно најави дека и двајцата ќе излезат предвреме од затвор и ќе ја почнат фудбалската сезона , без оглед на казните.