Бартоломео Бове го сними својот другар заедно со анакондата која што очигледно се заинтересира за камерата.
Инаку, анакондите спаѓаат меѓу најголемите змиии можат да бидат долги дури девет метри.
Оваа, како што тврдат нуркачите, била „само“ седум метри.
-Однесувањето на оваа анаконда го демантира општото мислење на луѓето дека станува збор за агресивно и брутално животно кое за луѓето претставува голема опасност, вели нуркачот Бове.
Иако луѓето не се на нивното „мени“, сепак средбата со нив може да биде опасна, доколку анакондата се почувствува загрозено.