вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Недоразбирања на релација Борисов- Заев

Недоразбирања на релација Борисов- Заев

Иако на последната средба на двајцата премиери, Зоран Заев и Бојко Борисов, беше посочено на итно решавање на недоразбирањата меѓу билатералната комисија за историски прашања, се уште на повидок нема разрешница.

Од официјална Софија стигна предупредување дека нема безусловна поддршка за Македонија на нејзиниот европски пат.

-Секогаш сме истакнувале дека Северна Македонија може да смета на нас за ЕУ, но никогаш не сме кажале дека безусловно го поддржуваме нејзиниот прием. Иднината на Северна Македонија е во ЕУ и тие не треба да си играат со таа шанса. Ние немаме поблизок народ. Исклучително е важно да бидат примени во ЕУ, но важно е и да разберат дека тоа зависи од нив. Затоа апелирам да запрат да си играат со историјата, со минатото и да се концентрираат кон иднината, рече премиерот на Бугарија, Борисов.

Од друга страна македонскиот премиер Заев очекува дека и покрај нерешеното прашање за Гоце Делчев и Илинденскиот период , Владата на Борисов да остане безусловен и најголем поддржувач на Советот на министри и премиери на Европската Унија.

Заев истакна дека не е доволно само нашата страна да има волја за тоа, туку треба и страната од Бугарија да покаже иста таква волја.

-Јас мислам дека е можно брзо да се најде решението. Некој пат ние политичарите треба да оставиме на експертизата на експертите. Целта ние да го јакнеме пријателството и добрососедството. Ние потпишавме договор во кој прифативме дека имаме заедничка историја, а секако дел од историјата ни е посебна на двете земји. Во тој дух јас верувам дека комисиите ќе изнајдат решение. Не треба ништо да изнасилуваме. Бугарија е наш силен поддржувач и јас верувам дека ќе биде еден од најсилните поддржувачи сега на европскиот совет, порача Заев.

Најнови вести