вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Обамејанг прв фудбалер на Арсенал во последните 22 години со седум гола во почетните седум кола

Обамејанг прв фудбалер на Арсенал во последните 22 години со седум гола во почетните седум кола

Играчот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг синоќа на дуелот со Манчестер јунајтед (1:1) го постигна голот за лондончани и успеа по седми пат да се запише во листата на стрелците во почетните седум кола од Премеир лигата.

Обамејанг покрај на дербито со Јунајтед, постигна голови и на средбите со: Астон Вила, Вотфорд (два), Тотенхем, Барнли и Њукасл. Единствено не реализира на натпреварот со Ливерпул.

Последен пат ваков ефикасен старт на еден фудбалер на Арсенал имал Денис Бергкамп во сезоната 1997/98. Тогаш на 28 натпревари тој постигна 16 голови и забележа 11 асистенции.