Скандалите од оваа власт не запираат. Вчера од собраниска говорница премиерот Зоран Заев ги навреди болните од епилепсија.
-Ништо тајно не работи Владата. Манипулација е да се зборува за дрога. Моето семејство има своја инвестиција во Свети Николе. Се вработува народ, а вредноста е поголема од 100 милиони евра. Пазарот на медицински канабис е 500 милиони евра и се очекува да стигне над трилиони заради употреба на медицината. Убаво е кога ќе видите детенце со епилепсија веднаш станува нормално со употреба на канабис. Зборувавме за инвестиции, изјави Заев од говорница.
По оваа навреда социјалните мрежи се вжештија со коментари. Еден од коментарите по социјалните мрежи беше- „Некој нека го подучи овој дека епилепсија е состојба, а не болест и дека детенце со епилепсија е нормално и без канабис. Нека поработи он на случајот да имаме квалитетни лекови, достапни во секое време и нормални здравствени услови. Не да го меша неговиот бизнис со епилепсија. За оваа изјава треба да им се извини на сите кои се соочуваат со епилепсија, пишува во еден од коментарите“.
Но, изгледа дека премиерот Заев треба малку да седне и да научи каква болест е епилепсија и колку граѓани во Република Македонија боледуваат од неа.
Епилепсијата е често хронично невролошко пореметување кое се карактеризира со напади. Тие напади се краткотрајни знаци и/или сипмтоми на абнормална, претерана или хиперсинхрона невронска активност во мозокот. Околу 50 милиони луѓе ширум светот страдаат од епилепсија и скоро секој втор од три нови случаи се откриваат во развиените земји. Како што се навлегува се подлабоко во староста, така епилепсијата станува се почеста болест. Голем дел од новите случаи се јавуваат најчесто кај малите деца и кај постарите. Како последица на операција на мозокот, нападите на епилепсија може да се појават и кај луѓето кои се на интензивна нега.
Денес околу 80% од пациентите, нападите на епилепсија се контролирани и тие можат да работат, освен професии што може да бидат опасни по живот доколку добијат напад, на пример: на височина, покрај машина, покрај вода, покрај оган и слично.
Граѓаните по оваа навреда очекуваат и јавно извинување од премиерот Зоран Заев, бидејќи ги навреди болните луѓе од епилепсија.