Во СВР Скопје вчера во 15.45 часот било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреда од пиштол бил донесен А.Б. (27) од Скопје.
Околу 15.30 часот на улица „Бајрам Шабани“ во настанот учествувале неколку лица, а со повреди се здобил А.Б..
Подоцна, во близина на местото, било пронајдено патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Љ.В.(28) од с.Света Петка, кое имало оштетувања од огнено оружје.
Се работи на расчистување на случајот.