вторник, 2. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична пријава за дилер од Кочани

Кривична пријава за дилер од Кочани

Полициската станица Кочани поднесе кривична пријава против Е.Б.(28) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 24.12.2018 во Кочани, полициски службеници при извршен претрес на домот и други простории на пријавениот пронашле и одзеле марихуана и семки од растението „cannabis sativa“.

По преземени мерки е утврдено дека пријавениот во декември 2018 на М.Т.(23) од Кочани му продал марихуана, која била пронајдена при негов преглед извршен на 21.12.2018.