петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Макрон ја пречека Меркел во Елисејската палата (ВИДЕО)

Макрон ја пречека Меркел во Елисејската палата (ВИДЕО)

Францускиот претседател, Емануел Макрон ја пречека германската канцеларка Ангела Меркел во Елисејската палата во Париз, објави АФП.

Се очекува Макрон и Меркел да разговараат за актуелните теми како Брегзит и ситуацијата во Сирија, откако и двете земји донесоа одлука привремено да забранат извор на оружје во Турција.

Тема на разговор на работната вечера меѓу двајцата европски лидери ќе биде и проширувањето на ЕУ. Се очекува од Меркел да го убеди Макрон да ги омекне своите ставови кон доделувањето датум за почеток на преговори со Македонија и Албанија.